
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја победи Црна Гора во последниот меч од квалификациите за Европското првенство 2021. Ова е убав крај за оваа генерација фудбалери за кои селекторот Благоја Милевски вели дека жали за пропуштената шанса да се игра на уште едно големо натпреварување.
„Момците покажаа дека немаат само квалитети и потенцијал, туку и фактор плус. Штета за оваа генерација, која остана без пласман на Европско првенство. Задоволително ќе беше барем да одиграат барем плеј-оф. Форматот се промени на половина од овие квалификации, а тоа е голема штета. Треба да бидеме горди на момците и тоа што тие го покажаа во овој циклус. Не е мала работа да се освојат 18 бода во ваква група. Ние базата ја направивме пред три години, со овие фудбалери само ќе направиме надополнување.
Што се однесува на самиот натпревар, бевме далеку подобри од противникот. Имавме шанси да постигнеме уште неколку гола и да казниме, но задоволен сум и со оваа победа“, изјави селекторот Милевски.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година го освои второто место со пет победи, три реми средби и два порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
