Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ќе има нова акција, пријателски меч со Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел со Лихтенштајн на Арената “Тодор Проески” во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски повика двајца дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун, неколкумина не се повикани поради проблеми со клубовите, а и дел од оние што се на списокот ги имаат исти или слични проблеми.
“За жал не може да сметаме на Агон Елези поради повреда на рамото. Овојпат не се повикани Ашковски, Манев и Бојан Димовски поради ситуацијата со нивните клубови. Се надевам дека ќе се стабилизираат во своите клубови и повторно да се вратат во националниот тим”, објасни на стартот Милевски, а потоа се осврна и на двајцата дебитанти на списокот.
“Што се однесува до двајцата дебитанти, Решат Рамадани сам се наметна со своите игри за Шкендија во европските купови. Има квалитети и сметаме дека ни е потребен. Со Елмин Растодер се надеваме дека ќе добиеме квалитетен играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот. Тој игра квалитетно за Тун во првенството на Швајцарија”, истакна селекторот на националниот тим.
Првиот натпревар е од пријателски карактер, а потоа следи квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“Првиот меч против Саудиска Арабија ќе го искористиме за да испробаме некои тактички замисли. Ќе им дадеме шанса на голем дел од фудбалерите. Што се однесува до мечот со Лихтенштајн, можеби најважен меч за нас во овие квалификации. Максимално го респектираме ривалот и мора да бидеме подготвени да го дадеме максимумот. Најважни ни се тие три бода, после тоа ќе можеме да размислуваме за следните предизвици во квалификациите кои не очекуваат во октомври.
Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













