
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го соопшти списокот репрезентативци за првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2021 кој не очекува на 10. септември против Фарските острови во Скопје.
Милевски за репрезентативниот собир повика 25 фудбалери, од кои 14 интернационалци предводени од офанзивецот на германски Келн, Дарко Чурлинов.
Милевски вели дека на списокот за првиот квалификациски натпревар против Фарските острови го има во моментов најдоброто. Иако не може да биде задоволен од минутажата и формата на фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат.
„Од 25 повикани фудбалери, тука се 17 кои покажаа на дуелот против Финска во Словачка дека имаат квалитет за националниот тим. За жал, поради операции, ќе недостасуваат Фазлагиќ и Миловановиќ, но се надевам дека брзо ќе се вратат на терените“ – истакна Милевски на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:
„Мора да кажам дека не сум задоволен од домашните играчи кои немаат соодветна минутажа, ниту пак формата е на неопходното ниво. Но, мора да се соочиме со тоа. Факт е дека ова е најдоброто што го имаме, има потенцијал и квалитет во овие фудбалери и сигурен сум дека тоа ќе го потврдат на терен“.
Според Милевски не треба воопшто да се потценува селекцијата на Фарските острови…
„Мора максимално да се подготвиме затоа што Фарските острови не се наивна селекција. Напротив, играат цврст, скандинавски фудбал и знаат да бидат изненадување за многу поквалитетни репрезентации. Што се однесува до нашата група, факт е дека Шпанија се издвојува а останатите селекции мислам дека рамноправно ќе се борат за втората позиција. Со новиот формат, првопласираните и најдобрата втора селекција ќе одат директно на ЕП, а останатите ќе играат бараж. Ако ги имаме сите фудбалери на располагање и ако сме во форма, можеме да останеме во конкуренција и да се бориме за место во бараж“ – истакна Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
