
Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 1-0 против Фарски Острови го заокружи циклусот во Лигата на нации. Со пет победи, сите без примен гол, и само едно реми, на стартот во Торшавн, Македонија доминантно го освои првото место и за првпат во историјата ќе биде дел од Лига Б.
Селекторот Благоја Милевски како никогаш досега беше „отворен“ на прес-конференцијата, а одговори и за можноста Стефан Ристовски, поранешниот капитен на националниот тим, да се врати во репрезентацијата за следниот циклус.
Стефан Ристовски игра со Динамо Загреб во Лигата на шампионите, а јавно, преку социјалните мрежи, соопшти дека нема да настапува за националниот тим додека селектор е Благоја Милевски.
„Сите знаеме чија е одлуката на Стефан Ристовски да не игра за репрезентација. Ристовски го почитувам максимално, сѐ поврзано со него. И неговата кариера и како личност. Неговата одлука беше таа и мора да се почитува. Толку. Прашањето дали ќе игра за Македонија не треба е наменето за селекторот. Јас, од друга страна, можам да кажам дека овие момци кои ги имав во овој циклус, едноставно не се „нормални“. Со толку мала минутажа во клубовите, само тие знаат како успеаја да одиграат вака во репрезентацијата. Но, тоа сите јасно го потенцираме, дека кога се игра за Македонија, тогаш се дава и многу повеќе од максимум. Овие момци заслужуваат голема почит за тоа“, изјави Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
