Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка. Поразот дојде по два сомнителни пенали и се чини дека главен актер за Чесите беше судија Оченаш од Словачка.
Селекторот Благоја Милевски не сакаше да коментира за судењето, иако беше очигледно дека Чешка имаше значителен „попуст“ поради судиските одлуки.
„Не би сакал да ги коментирам пеналите. Тоа е работа на судиите и на ВАР. околу моите впечатоци од мечот, честитки за моите момци, посебно за второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига малку поголема самодовербата со топката во нога. Играта на Чешка се базира на трка и на сила и на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како го направивме тоа, но кога ја имавме топката, требаше да бидеме малку похрабри“, изјави Милевски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













