
Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартува подготовките за новото издание во Лигата на нации. Ќе недостигаат важни играчи, капитенот Стефан Ристовски, потоа Аријан Адеми, Адис Јаховиќ, Ердал Ракип, Тихомир Костадинов, но селекторот Благоја Милевски јасно ја постави целта, Македонија сака да биде првопласирана во групата по шесте натпревари од новиот циклус во Лигата на нации.
„Имаме јасна цел пред почетокот на овој нов циклус во Лигата на нации, сакаме да завршиме на првото место после шесте натпревари. Ќе имаме одредени проблеми и отсуства, но тоа од друга страна ќе биде шанса за неки други фудбалери да се докажат и да покажат дека треба да биде важен дел од националниот тим. Не очекуваат четири натпревари во овој јунски циклус, секој од нив подеднакво важен и на сите ќе им пријдеме со цел да оствариме победа“, изјави селекторот Милевски на денешната прес – конференција.
Македонија на 2 јуни ќе игра против Бугарија во Разград, три дена подоцна е дуелот против Гибралтар на гости, а потоа следуваат мечевите со Грузија (9 јуни) и со Гибралтар (12 јуни) дома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
