
МАКФУДБАЛ во Малта,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа над Малта (0-2) на гости во Ла Валета и се враќа во игра за бараж за ЕВРО 2024. Тоа е втор триумф за македонскиот национален тим и се надоврза на ремито (1-1) против Италија во Скопје. Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас во петтата минута и Јован Манев во 41.минута од мечот.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од триумфот.
„Честитки за нашите фудбалери за одиграниот натпревар и за победата. Честитки и за Малта, која одигра борбено и квалитетно. За мене најважен е пристапот кој беше максимално одговорен и секако, победата и трите бода. Ме радува фактот што имаме млада репрезентација која може да игра неколку години заедно“, изјави селекторот Милевски.
Сега Македонија има седум бода, заедно со Италија и со Украина, пред финишот од квалификациите.
„Во фудбалот е сѐ можно, оваа позиција ни дава за право да бидеме конкурентни во борбата за висок пласман и да се надеваме на најдобро во битката со Италија и со Украина. Во групата е и Англија, можеби убедливо најсериозна конкуренција“, истакнува селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
