Connect with us

Милевски: На ваков терен, многу полесно е да се браниш, отколку да креираш, мора да најдеме решение и за тоа

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1-0 со голот на Бојан Миовски и надмоќно го освои првото место во групата пласирајќи се за првпат во сегментот Б од Лигата на нации. Мисијата е исполнета на најдобар можен начин, Македонија е сериозно конкурентна и за пласман во разигрување за мундијалски бараж.

Селекторот Благоја Милевски уште еднаш сите заслуги им ги префрли на фудбалерите, вели дека е остварен историски резултат, пет последовни победи без примен гол се навистина достигнување за почит.

„Честитки за момците, за сѐ она што го напрвија, веќе и не знам што сѐ не постигнале во однос на рекорди, достигнувања, но познавајќи ги како карактери, знам и дека нема да застанат тука. околу теренот…Уфф… Со оглед на тоа со што се соочуваме кога ќе играме надвор, на гостински терен, кога ќе излеземе на нашиот стадион, едноставно тоа е лошо. Многу е полесно да играш на ваков терен ако си дојден тука да се браниш, но многу е тешко да креираш. Никогаш ова не сум го посочил, ова е првпат, но ако ништо друго да погледнеме во соседството и да најдеме начин да ги подобриме условите и на нашата Арена“, изјави Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови