
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик, а селекторот Благоја Милевски пред Италија и пред Малта, вели дека сепак очекувањата треба да бидат пореални.
“Мора да бидеме реални и конечно да кажеме дека Македонија не е фудбалска велесила. Во моментов таква е ситуацијата, фудбалерите кои секогаш го даваат максимумот за Македонија заслужуваат максимална почит, а нивната натпреварувачка форма во клубовите во моментот не е најдобра. Но, јас стојам зад сите имиња кои ги имам повикано на списокот. Што се однесува до Стефан Ристовски, секогаш ќе имам почит кон него, малку ми смета што не ми кажа директно тоа што го мисли туку преку социјалните мрежи кои јас не ги користам”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Претстојат натпревари со Италија и со Малта.
„Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во нациналниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место“, истакнува селекторот.
Има ли можност за напредок и подобри резултати.
„Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од доле, да градиме тимски дух и тим“, истакна Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Наполи е повторно на тронот во Италија (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски, избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија
