
МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Селекторот Благоја Милевски никогаш нема да го слушнете дека не им верува на фудбалерите кои ги предводи. Иако ослабени, без неколкумина клучни фудбалери, тој верува дека Македонија може да оствари позитивен резултат на утрешниот меч против Грузија, претпоследен од годинашното издание во Лигата на нации.
Загубивме од Грузија (0-3) во Скопје, но овде во Тбилиси славевме пласман на Европско првенство. Македонија ужива голем респект кај Грузијците. Стадионот на Динамо Тбилиси ќе биде исполнет до последно место, се очекуваат 60.000 гледачи.
„Секогаш се концентрирам на нашиот тим. Поединците се важни, Квича Кварацкелија е одличен игра, во добра форма, но не може се сам. Фудбалот е колективна игра. Јас верувам во мојот тим, во сите фудбалери кои се овде и кои ќе настапат на утрешниот меч. Имаме проблеми со повредите, моравме можеби и принудно да освежиме и а подмладиме, но јас секако верувам во сите нив. Очекувам наше добро издание и позитивен исход“, изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски.
Последниот меч од Лигата на нации, Македонија ќе го игра в понеделник против Бугарија во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
