Connect with us

Милевски: Ќе им порачам на фудбалерите да уживаат во дуелот

МАКФУДБАЛ во Кардиф,

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го игра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026. Ако остане непоразена на гостувањето во Кардиф против Велс, ќе го освои второто место во групата и ќе добие релативно полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски верува дека нашиот тим ќе успее да одолее на предизвикот и дека ќе ја исполни целта.

„Подготвени сме за предизвикот. Нѐ очекува решавачки меч, но мојата порака до играчите е да уживаат во натпреварот. Велс е квалитетна селекција, имаат одличен селектор, но и двете селекции се речиси истите како и на првиот дуел во Скопје. Верувам дека ќе одговориме и дека ќе ги исполниме нашите цели“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови