Connect with us

Милевски: Играчите докажаа дека треба да им се верува и за нив само – капа доле!

Победничка Македонија. Ја најави вчера на прес-конференцијата селекторот Благоја Милевски, и конечно ја видовме вечерва на арената „Тодор Проески“.


Енис Барди и Бојан Миовски постигнаа голови за триумф, можеби кога во тоа и не веруваа многумина, со оглед дека нашиот тим имаше играч помалку поради исклучувањето на Ѓоко Зајков.

Селекторот Благоја Милевски потенцираше дека секогаш верува во квалитетот на своите фудбалери.

„Фудбалерите уште еднаш покажаа и докажаа дека со право се тука. Секоја чест за нив и капа доле. Напоменав и на вчерашната прес-конференција, овие момци познавајќи ги како карактери многу години, секогаш кога имале притисок пред себе и кога морале, биле на висина на задачата и над тоа. Уште еднаш покажаа дека сум во право и уште еднаш секоја чест.

Направивме корекции по црвениот картон, формациски и во играта. Што да им кажам на вакви фудбалери, освен да веруваат во сопствениот квалитет и дека можат да победат. Кажав и на почетокот на оваа Лига на нации, пред мечот со Фарски Острови и сега ќе кажам дека нè очекуваат шест подеднакво важни дуели. Имаше уште долг пат до крајот. Ни недостигаше енергија на првиот натпревар, особено во првиот дел. Кога направивме корекции, изгледавме подобро, дадовме гол и не реализиравме шанси. На денешниот меч го имавме тој момент на агресивност, решителност и самодоверба во дефанзива и при организација на напад. Натпреварувачката форма не ми е ниту малку важна, ако сите играат вака и се тука за Македонија без оглед на ситуацијата во клубовите“, изјави Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови