
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) го игра последниот натпревар од Лигата на нации. По четири последовни победи, повторно се среќава со Фарски Острови, селекцијата која единствена извлече реми (1-1) и постигна гол против нашиот национален тим.
И покрај обезбеденото прво место, има и дополнителен мотив, Македонија со 16 бода ќе може да конкурира сериозно за разигрувањето за мундијалски бараж преку Лигата на нации.
Оттаму, целта е јасна, победа за Македонија и против Фарски Острови.
„Имаме максимален мотив, секогаш кога го носиме дресот на Македонија, и фудбалерите и сите ние во стручниот штаб. Така ќе биде и овојпат, а секако дека има и друга цел, со победа можеме да влеземе во трка за разигрувањето за мундијалски бараж за СП 2026. Тимот на Фарски Острови покажува дека нема аутсајдери, а тоа се потврди и со победата против Ерменија на гости. Се работи за дисциплинирана екипа, многу силна, но фокусот наш е на нашата игра, како ние ќе одиграме. Верувам дека ќе го дадат сите својот максимум. Елиф Елмас не е во комбинација поради повреда, но сите останати се надевам дека ќе конкурираат за составот. Играчите се уморни, теренот каков што е ќе биде дополнителен проблем, но дојдовме до крајот и сакаме да го заокружиме како што треба“, изјави Благоја Милевски.
Александар Трајковски се врати во стартниот тим против Летонија, очекува триумф и на последниот меч против Фарски Острови.
„Победата е наша цел. Заморот е присутен, но нема да биде решавачки фактор. Секако имаме голема желба за победа, мотиви да ја продолжиме убавата серија, но и да стигнеме до тие 16 бода, кои ни играат и за мундијалски бараж. Очекуваме секако и поддршка од публиката“, истакна Александар Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
