
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во третата декада од март ќе учествува на турнир во Анталија каде ќе одигра три натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и против Бугарија (29. март). Селекторот Благоја Милевски вели дека ова ќе биде последниот филтер за тоа како би изгледал тимот во претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство.
„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации. Она што е битно за мене е играчите да имаат минутажа во своите клубови и тоа ќе биде пресудно за формирањето на составот на квалификациските натпревари за ЕП. На оние позиции каде што имаме избор предност секогаш ќе добиваат фудбалерите кои се стандардни во своите клубови. Во однос на Влада Новески, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител не извести дека желба на неговиот син е да игра Србија“, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
