Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер го искажа своето видување за нивото на Премиер – лигата. Се сложува дека лигата во целост е најквалитетна, но смета дека клубовите поединечно и не се најсилните во Европа.
„Ми се допаѓа интензитетот на Премиер – лигата. Има повеќе врвни клубови во Англија. Не знам дали квалитетот на клубовите и тимовите е навистина поголем. Затоа што обично, кога Баерн игра против англиски екипи, сè оди добро! Не мислам дека екипите од Премиер – лигата се суперсилни. Но, се разбира, конкуренцијата во лигата е голема“, истакна Томас Милер.
Тој смета дека Премиер лигата е главната лига во светот.
„Тоа е сигурно. Но, ова не значи дека најдобрите пет екипи во Премиер – лигата ги освојуваат сите трофеи во европските натпреварувања. Како споредба, четвртопласираната екипа во Премиер – лигата и во Бундес-лигата, секоја од нив може да победи во елиминациските натпревари во европските купови“, дополни Милер.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












