Connect with us

Миле Тодоров: Играме дома и сакаме победа против Арсими

Брера е пред нов предизвик, посакува нови три бода, а ривалот кој доаѓа во Струмица е Арсими. Новиот прволигаш покажа дека заслужува респект, покажа и дека знае да освои на гости, па затоа струмичани се внимателни и максимално фокусирани пред овој натпревар. Искусниот играч за врска Миле Тодоров верува дека Брера може да стигне до посакуваната цел.

„Имаме млад и полетен тим, фудбалери кои имаат желба за докажување и можеби во одредени моменти ни недостасува тоа искуство неопходно за освојување бодови. Но, тоа се стекнува со настапи и со нови предизвици, а сега го пречекуваме Арсими пред нашата публика. Искрено, размислуваме за трите бода, затоа што веруваме во сопствените квалитети. Противникот има добар состав, максимално ги респектираме, но нашата цел е да ги освоиме трите бода. Ако одиграме тимски и ги исполниме задачите на стручниот штаб, верувам и дека на крајот ќе славиме“, истакна Тодоров, кој ова лето ја засили Брера од редовите на Работнички.

Натпреварот меѓу Брера и Арсими се игра на стадионот „Благој Истатов“, со почеток во 15:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови