Лидс Јунајтед сака да го задржи, Трабзонспор и Галатасарај се обидуваат да го доведат во Турција, но и италијанскиот гигант Милан влегува во трката за ангажман на Езгјан Алиоски. Македонскиот репрезентативец одигра одлична сезона во Премиер – лигата, а тренерот Стефано Пиоли сака да го засили ростерот за враќањето на славниот клуб во Лигата на шампионите.
Договорот на Алиоски со Лидс Јунајтед истекува на 30 јуни, а тој најверојатно одлуката ќе ја донесе по завршувањето на Европското првенство.
Trabzonspor'a Alioski’de Milan engeli https://t.co/YWxF11BnAc
— TRABZONSPOR❤️💙 (@61TuranTs) May 31, 2021
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski