
Џанлуиџи Донарума и Џанлуиџи Буфон конечно би можеле да носат ист дрес, но не оној на Јувентус. Најновата трансфер бомба доаѓа од италијанските медиуми, кои тврдат дека Буфон би можел да прејде во Милан ова лето откако објави дека ќе ја напушти „старата дама“.
Тој најверојатно ќе ја преземе улогата на втор голман на „росонерите“, кои се во потрага по алтернатива за Донарума. Се веруваше дека Антонио Миранте од Рома ќе пристигне на „Сан Сиро“ следната сезона, но сега Милан размислува за доведување на идолот на младиот Донарума.
Инаку, како една од причините зошто ветеранот го напушта Јувентус е неговиот “студен однос” со тренерот Андреа Пирло. Поранешниот репрезентативец на Италија се надевал на повеќе минутажа сезонава, но и да биде повеќе вклучен како авторитет во соблекувалната.
Шпанските медиуми најавија дека Џанлуиџи Буфон би можел ова лето да стане и нов член на каталонскиот гигант Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal