Connect with us

Милан со нова понуда за Рафаел Леао

Португалскиот интернационалец Рафаел Леао доби нова, зголемена понуда за нов договор од Милан и би можел да остане на „Сан Сиро“ и во наредниот период. Раководството на „росонерите“ му нудат годишна плата од 7 милиони евра, откако претходната беше 6,5 милиони евра.


Договорот на Леао со Милан е до летото 2024 година, но на фудбалерот итно му е потребна огромна сума пари затоа што му беше наложено да плати 21 милион евра на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон поради незаконски раскин на договорот со него.

Англискиот премиерлигаш Челси сега е надвор од трката со оглед дека ќе инвестира во Енцо Фернандез од Бенфика, а сериозен кандидат останува Манчестер Сити кој му нуди многу поголема плата од Милан. „Граѓаните“ се подготвени да му исплаќаат 12 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови