Милан следната сезона ќе се обиде да ја привлече младата надеж на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, на позајмица, пишуваат во Италија. Турскиот интернационалец не успеа да импресионира на „Бернабеу“ и шпанскиот клуб најверојатно ќе го пушти на позајмица во друг клуб за да стекне искуство.
Ѓулер беше желба на Милан уште пред да се пресели во Реал Мадрид. Во Италија пишуваат за добрите односи меѓу двата клуба во последните години. Се споменуваат трансферите на Тео Хернандез и на Брахим Дијаз, кои заминаа на позајмица во Милан во 2019 година.
Францускиот репрезентативец подоцна потпиша постојан договор со „росонерите“ и стана еден од најдобрите леви бекови во Европа. Дијаз се врати во Мадрид по три години минати во Милано, откако Италијанците не ја искористија можноста да го доведат.
Карло Анчелоти веројатно не би имал ништо против да го пушти Арда Ѓулер на позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













