Connect with us

Милан Ристовски: Саудијците се квалитетен тим, но верувам дека ние ќе бидеме на вистинското ниво

Македонската фудбалска репрезентација денеска (17 часот) ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија во Прага. Овој дуел е дел од подготовките за претстојниот квалификациски меч со Лихтенштајн во Скопје, кој има многу поголемо значење, но победата останува цел и на оваа проверка.

Напаѓачот Милан Ристовски нагласува дека тимот ќе даде максимум и ќе се претстави во позитивно издание против силниот ривал.

„Ова е добра проверка за сите нас. Како и на претходните квалификациски средби, така и на оваа сакаме да покажеме квалитет. Зад нас е успешен период што ни дава самодоверба дека ќе одиграме добро против Саудиска Арабија и уште подобро ќе се подготвиме за Лихтенштајн.

Го анализиравме противникот – тоа е силна репрезентација со квалитетни индивидуалци, која игра фудбал со посед на топката, нешто што сметам дека ни одговара. Очекувам добар меч и верувам дека ќе бидеме на висина,“ изјави Ристовски.

Натпреварот Македонија – Саудиска Арабија ќе започне денеска во 17 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови