Connect with us

Милан Ристовски двоен стрелец за Спартак Трнава

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски се наоѓа во одличлна форма. Тој постигна два гола на денешниот дуел од словачкото првенство против Дунајска Стреда.

Ристовски стрелаше во 42. и во 66.минута, потврдувајќи го триумфот на Спартак Трнава од 0-3. Првиот гол беше дело на неговиот соиграч Кабрал.

Ова е одлична вест за селекторот Благоја Милевски пред октомвриската квалификациска сесија за СП, кога Македонија ќе игра против Лихтенштајн и против Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови