Connect with us

Милан подготвува нов договор за Златан Ибрахимовиќ

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, изјави дека веќе се водат разговори со шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ за нов договор. Актуелниот договор на 40-годишниот напаѓач истекува на лето.


Швеѓанецот стана еден од симболите на подемот на Милан и клубот му е благодарен и ја чека неговата одлука.

Веќе зборуваме за иднината. Тој сака да игра барем уште една сезона. За нас Златан никогаш нема да биде товар. Се зависи од него и неговата одлука“, коментира поранешниот легендарен дефанзивец на „росонерите“.
На Милан му оди добро во Серија А, а по синоќешната победа (1-2) над лидерот Интер во миланското дербито, сега е второпласиран на само еден бод до „нероаѕурите“.

Следниот натпревар на тимот предводен од Стефано Пиоли е на 9. февруари против Лацио за Купот на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови