Connect with us

Милан незадоволен од Манџукиќ, Хрватот заминува по само неколку месеци

Напаѓачот на Милан, Марио Манџукиќ, се бори со повредите по неговото враќање во Италија, и поради тоа, „росонерите“ не планираат да ја искористат опцијата за продолжување на договорот со Хрватот.

Поранешниот напаѓач на Јувентус се врати во Серија А во јануари и се сметаше дека ќе му биде од голема помош на Златан Ибрахимовиќ. Но, тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е без поранешниот хрватски репрезентативец веќе десет натпревари, а серијата може да продолжи и на следниот натпревар против Парма.

Италијански “Тутоспорт” тврди дека на Манџукиќ му остануваат малку натпревари за да се покаже и додава дека клубот, во моментов, нема намера да го обнови неговиот договор по разочарувачките неколку месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови