
Раководството на Милан одлучи да му “покаже заби” на Мино Раиола, со тоа што веќе ја доведе замената за голманот Џанлуиџи Донарума. Договорот на италијанскиот репрезентативец истекува на 30 јуни, а тој сè уште ја нема прифатено понудата од 8 милиони евра годишно за продолжување на тековниот договор.
Како резултат на ова, само 24 часа по освојувањето на титулата во Франција, Мајк Мењон веќе се наоѓа во Милано и денеска ќе ги помине своите лекарски прегледи со “росонерите”. Претходно, италијанските медиуми објавија дека францускиот голман постигнал договор со новиот клуб.
Од неговата продажба, новиот шампион на Франција, Лил ќе инкасира 15 милиони евра, а 25-годишникот кој беше прогласен за голман на сезоната во Лига 1, ќе потпише петгодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона. Што се однесува до Донарума, за неговиот потпис како слободен агент конкурираат Јувентус и Барселона.
🔴 ESCLUSIVA 🔴#Milan, l'arrivo di Mike #Maignan a #Linate
— Sportitalia (@tvdellosport) May 24, 2021
📹 @luca_cilli #Sportitalia #Sportitaliamercato pic.twitter.com/6zNBOfPeya

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
