Челниците на Милан вредно работат на засилувања за следната сезона, откако го освоија „скудетото“, нема многу време за одмор. Покрај тоа, Милан наскоро би требало да добие нови сопственици кои ќе вложат многу повеќе пари во клубот, па веќе е направен список на интересни засилувања.
Кон списокот е додаден и суперталентираниот играч за врска на Ривер Плата, Енцо Фернандез.
Аргентинецот е дете на Ривер и оваа сезона ја има една од клучните улоги во тимот на Марсело Гаљардо, а одличните офанзивни перформанси, осум гола и шест асистенции на 20 настапи, го препорачаа на европските клубови.
Најсериозно „загриза“ Милан, кој е подготвен да издвои 18 милиони евра за ангажман на Фернандез.
Секако, големиот успех во Серија А, играњето во Лигата на шампионите следната сезона и амбициозниот проект на Малдини и друштвото го привлекоа Фернандез, кој многу лесно може да стане нов член на клубот од „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













