Милан има за цел да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, а прва цел на клубот е италијанскиот репрезентативец Самуеле Ричи од Торино, пишува „Калчомеркато“.
Иако „росонерите“ се задоволни од перформансите на Јусуф Фофана и на Тијани Рејндерс, чувствуваат потреба да додадат повеќе длабочина во средниот ред.
Милан внимателно ги следи настапите на Ричи, а раководството е задоволно од неговата игра и е убедено дека тој е вистинското засилување за тимот.
Оваа сезона, Ричи одигра 19 натпревари за „биковите“ во сите натпреварувања. Неговиот договор со Торино трае до летото 2026 година, што значи дека Милан ќе мора да понуди значителна сума за да го обезбеди неговиот потпис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













