Connect with us

Милан има девет од десет: Жиру го реши Торино (ВИДЕО)

Милан ја оствари деветтата победа во десетте кола од Серија А и се искачи на првото место на табелата со 28 бода. Оливие Жиру се погрижи за „росонерите“ да слават минимален триумф (1-0) над Торино и да продолжат да сонуваат за „скудетото“ оваа сезона.

Тимот на Стефано Пиоли е еден од најефикасните тимови во италијанскиот шампионат и заслужено е на врвот, сега со три бода предност во однос на Наполи.

Торино се обиде да стигне до израмнување преку Санабрија и Побега, но без ефект.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови