Connect with us

Милан им нуди нови договори на Пиоли и на Леао

Раководството на Милан планира нови договори за тренерот Стефано Пиоли и за првата ѕвезда Рафаел Леао. Како што пренесува италијанска „Газета“, американскиот сопственик на Милан, Гери Кардинале на почетокот на октомври доаѓа во Италија за да заврши голема работа. Тоа се новите договори за тренерот Стефано Пиоли и најдобриот играч на тимот и Серија А за минатата сезона, Рафаел Леао.


Американскиот бизнисмен ќе дојде на „Сан Сиро“ и ќе ги гледа натпреварите против Челси во Лигата на шампионите и дербито во Серија А во кое неговиот тим се среќава со Јувентус.


Сепак, приоритет е да се работи на нови договори со Пиоли и Леао. Договорот на Пиоли со „росонерите“ истекува во 2024 година со опција за продолжување на уште една година, што Кардинале сака да го активира, поради одличните резултати на тимот и освоеното „скудето“ минатата сезона.


Исто како и на Пиоли, договорот на Рафаел Леао истекува во летото 2024 година. Планирана е средба со агентот на португалскиот напаѓач Жорге Мендеш за да склучат нов долгорочен договор.
Доколку двете страни не постигнат договор, продажбата на Леао е можна веќе во јануари. Има купувачи, пред се Пари Сен Жермен, Челси и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови