По неколку дена интензивни преговори, Милан и Рома постигнаа договор за размена на играчи. Тами Абрахам ќе премине кај „росонерите“, при што денес треба да помине медицински прегледи.
Во спротивна насока ќе замине Алексис Салемакерс. Двата трансфера ќе бидат на позајмица за една година.
Првично, Рома бараше 10 милиони евра за да го пушти поранешниот напаѓач на Челси, но на крајот се согласиле на 7 милиони.
По останувањето на Пауло Дибала и доведувањето на Артем Довбик, раководството на „волчицата“ смета дека нема потреба од Абрахам и ќе се обиде да ги зајакне другите зони во последниот ден од трансферниот прозорец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













