Connect with us

Милан го врзува Пиоли до 2024 година

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ќе остане на „Сан Сиро“ уште три години. Тој се договори за нова соработка со раководството на италијанскиот калчолигаш, објавуваат медиумите на Апенините.


Прецизирани се сите детали од соработката, а останува само формалнен потпис на договорот и промоција во јавноста. Годишната плата на Стефано Пиоли ќе изнесува 3,5 милиони евра, плус бонуси за успеси.

Пиоли го презеде кормилото на „росонерите“ во октомври 2019 година, а оваа сезона бележи одлични резултати. „Росонерите“ играат одлично во Серија А и во моментов го делат првото место на табелата со Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови