
Италијанскиот калчолигаш Милан се надева дека ќе избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а во таков случај едно од засилувањата на „росонерите“ треба да биде Оливие Жиру. Францускиот репрезентативец речиси и да не добива шанса од Томас Тухел во тимот на Челси во последниот период и дефинитивно ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето.
На Милан очајно му е потребен напаѓач, а тоа најдобро се виде на последниот натпревар против Калјари на кој не успеа да оствари победа со која ќе обезбедеше пласман во Лигата на шампионите. Во отсуство на повредениот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе го пропушти и Европското првенство, Милан едноставно нема решение во нападот. Оттаму раководството на клубот планира две нови имиња, Оливие Жиру и Андреа Белоти од Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal