Connect with us

Милан еден месец ќе биде без Жуниор Месијас

Милан околу еден месец ќе биде без Жуниор Месијас, откако фудбалерот се повреди на натпреварот против Тотенхем во Лигата на шампионите. Бразилецот стартуваше како првотимец на мелот во Лондон, но почувствува болка во вториот дел и беше принуден да го напушти теренот.


Изминатите денови играчот беше подложен на опсежни тестови кои покажаа дека има истегнување на бутниот мускул. Тој ќе биде повторно прегледан за десет дена, но се очекува да одмори најмалку четири недели пред да се врати на терените.

Месијас има 26 настапи за Милан од почетокот на сезоната, со пет гола и две асистенции досега.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови