Милан би можел да добие неочекувано засилување оваа зима. Како што пренесува „Газета дело спорт“, дефанзивецот на Баерн Минхен, Бењамин Павар, не би имал ништо против да игра за Милан.
Неговиот голем пријател Оливие Жиру му кажак само пофални зборови за „росонерите“ и за фудбалот во Италија воопшто.
„Оливие Жиру постојано ми зборува за Италија, ми кажа дека целата земја живее за фудбалот. Ми кажа за магијата на италијанските дерби и за големото славје кога Милан ја освои шампионската титула. Секако дека би сакал да играм со него (Оливие Жиру), тој ми е добар пријател. Ќе видиме“, изјави 26-годишниот Павар, најавувајќи можен трансфер во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













