Connect with us

Милан без Тео Хернандез против Лацио

Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Тео Хернандез, нема да учествува на натпреварот против Лацио утревечер во Серија А.


Левиот бек нема да биде дел од тимот поради истегнување на мускулот. Тренерот Стефано Пиоли и медицинскиот штаб решија да не ризикуваат со Французинот.

Хернандез играше на 16 од 18-те натпревари на Милан во Серија А оваа сезона.

„Росонерите“ во вторник гостуваат кај Лацио бидејќи минатата недела отпатуваа за Саудиска Арабија на натпреварот од Суперкупот на Италија против Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови