
Лионел Меси се пресели во Пари Сен Жермен, Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. Кругот за овој неверојатен преоден рок треба да го затвори Килијан Мбапе со трансферот од ПСЖ во Реал Мадрид.
„Кралевите“ понудија 180 милиони евра, но се уште немаат финален одговор од Париз. Дадоа и ултиматум, понудата важи до понеделник во 18 часот. Потоа – зделката отпаѓа.
Пари Сен Жермен веројатно ќе чека до последниот миг, за да не изгледа дека лесно се откажува од големата француска ѕвезда, но, сепак, 180 милиони евра сега или Мбапе да замине бесплатно следното лето и не е некоја дилема за размислување.
Предраг Мијатовиќ, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, кој сега е фудбалски агент, вели дека трансферот на Килијан Мбапе ќе се реализира во последните мигови.
„Трансферот на Мбапе ќе се реализира во последните часови од летниот преоден рок. Многу е кажано на оваа тема и нема некои посебни промени. Ваквите трансфери се прават во последен момент. Јас сум оптимист и потпишувањето на договорот со Реал Мадрид е речиси завршена работа“, вели Мијатовиќ за „Кадена Сер“.
Сепак, со ПСЖ и Насер Ал Келаифи ништо не се знае до последен момент. Можеби и ќе одлучат Мбапе да остане, без разлика на понудата од 180 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
