Борец има намера да продолжи со позитивни резултати и успеси и после репрезентативната пауза, а на гости во Велес денеска (13 часот) доаѓа најтрофејниот македонски клуб Вардар. И покрај сите потреси во „црвено-црните“ редови, тие секако заслужуваат максимален респект, вели тренерот на велешани, Горазд Михајлов.
„Вардар е Вардар, секогаш е предизвик и голема инспирација. Но, тоа не значи дека ние нема да одиме на победа. Овој натпреварот е предизвик за нас од два аспекта. Првиот е да ја продолжиме позитивната серија, а секако, и да се обидеме да возвратиме за оној пораз лани, единствениот пораз на домашен терен после две години. Паузата ја искористивме добро, верувам во квалитетот на тимот и се надевам на позитивен резултат“, вели Горазд Михајлов.
Борец нема да може да смета на Фернандо Силва поради жолти картони, а неизвесен е и Станковски кој се жали на повреда. Сепак, голема добивка е што во нападот се враќа Никола Радовиќ кој го пропушти последниот натпревар со Пелистер. Тој и Прелчец треба да бидат адутите на Горазд Михајлов во офанзивата.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













