Младинскиот репрезентативец Методи Максимов од Работнички прави трансфер во Шкендија, објави клубот од Дебар Маало. Во договор на двата клуба, досегашниот играч на „романтичарите“ и еден од најталентираните фудбалери во шампионатот на Македонија, во иднина ќе настапува за тетовскиот тим.
„ФК Работнички му се заблагодарува на Методи Максимов за секој момент, секоја емоција, секоја минута во дресот на нашиот клуб.
Благодариме за сѐ Метка, многу среќа и успех во понатамошната кариера!“, објави ФК Работнички.
Максимов во есенскиот дел од првенството одигра 14 натпревари за Работнички, вкупно 1164 минути и постигна три гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













