
Суперѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе биде во составот на тимот за натпреварот против Филаделфија Унион, потврди тренерот Тата Мартино. 37-годишниот Аргентинец не играше откако заработи повреда на глуждот на десната нога за време на финалето на Аргентина против Колумбија на Копа Америка на 14 јули.
Неговиот последен натпревар за Интер Мајами беше на 1 јуни.
„Да, сега е добро“, изјави Мартино пред медиумите. „Вчера се врати на тренинг. По тренингот ќе ја одредиме стратегијата за него, но тој ќе биде подготвен. Повторно ќе го имаме најдобриот играч во светот во нашиот тим и среќни сме поради тоа“, додаде тренерот.
„За среќа, тој имаше воспалено грло само еден ден, вчера тренираше нормално“, дополнително рече Мартино.
Меси има ефект од 12 гола и 13 асистенции во само 12 натпревари во МЛС – лигата оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
