
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во САД и ќе го носи дресот на Интер Мајами. Тој го прекина молкот и објасни зошто не реши да врати во Барселона иако имаше голема жечба за тоа.
„Навистина сакав да се вратам во Барселона, но не сакав да се најдам во истата ситуација како кога заминав. Не сакав да чекам што ќе биде и да ја оставам мојата иднина во туѓи раце. Донесов сопствена одлука, мислев за семејството и за себе. Слушнав дека Ла Лига прифатила и дека се подготвуваше моето враќање, но требаше да се случат уште многу работи. Барселона требаше да продава играчи, а јас повторно требаше да минувам низ истата ситуација и да чекам да се отвори место за регистрација во тимот. Веќе бев обвинет за многу работи кои не беа вистинити во Барселона, па не сакав пак да минувам низ такво нешто. Се плашев од истото и затоа не потпишав со Барселона. Го одбрав Интер Мајами и тоа е мојата дефинитивна одлука. Имав и други понуди од Европа, но таму би играл само за Барселона, затоа што и во Пари Сен Жермен се покажа дека сепак нешто недостасуваше“, изјави Меси.
Покрај Барселона, Лео Меси имаше и астрономска понуда од Ал-Хилал вредна 1,2 милијарди евра, но, сепак, реши за живее во Америка наместо во Саудиска Арабија.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дембеле веќе размислува и за заминување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Кејн урива рекорди во Баерн Минхен

Интернационалци
Трајковски со триумф дебитираше за Хајдук (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го сопре налетот на Јувентус (ВИДЕО)
