Барселона напорно работи зад сцената за да ја оствари големата желба на милиони навивачи да го видат Лионел Меси повторно на „Камп Ноу“. 35-годишниот Аргентинец требаше да го напушти клубот на своето срце во 2021 година кога Каталонците не успеаја да му го обноват договорот поради финансиски проблеми.
По две сезони поминати во ПСЖ, се очекува Меси на лето да стане слободен играч и повторно да се врати во Барселона.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона планира да му понуди на Меси договор на една или две години. Доколку светскиот шампион се согласи на втората опција, тоа ќе биде основа на планираната прослава посветена на 125-годишнината на клубот.
Изданието додава дека желбата на претседателот Жоан Лапорта да го врати Аргентинецот на „Камп Ноу“ е мотивирана не само од спортски, туку и од сентиментални причини. Каталонците се надеваат дека евентуалното враќање на седумкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе има позитивно влијание и врз финансиите на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













