
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го надмина легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона по бројот на одиграни натпревари на мундијалите. Меси го одигра својот 22. натпревар на светските првенства за репрезентацијата на Аргентина во синоќешната победа од 2-0 над Полска, со што го подобри рекордот на Марадона од 21 настап за „гаучосите“ на мундијалите.
„Не знаев дека ќе го надминам Марадона во тој сегмент. Среќен сум што можам да продолжам да поставувам такви рекорди. Верувам дека Диего би бил многу среќен за мене бидејќи секогаш ми искажуваше многу љубов“, изјави Меси.
Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар 2022 година, завршувајќи на првото место во својата група. Во осминафиналето Аргентинците ќе играат против Австралија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
