Аргентинската ѕвезда Лионел Меси и следната сезона ќе продолжи да настапува за ПСЖ. Така тој ќе го комплетира договорот со шампионот на Франција, а во летото 2023 година се сели во МЛС – лигата на САД, и ќе купи акции во Интер Мајами.
И претходно се пишуваше дека Меси би можел да игра во МЛС, но сега се знае и зошто толку сака да игра за Интер Мајами. Аргентинецот купил 35% од акциите на клубот и ќе се приклучи на франшизата на Дејвид Бекам откако ќе стане слободен агент за една година.
Сите шанси за враќање во Барселона паѓаат во вода, бидејќи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе се пресели во Америка, а потоа и ќе ја заврши кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal