Лионел Меси го достигна рекордот на легендарниот Чави по бројот на настапи во дресот на Барселона (767), а тоа го прослави со два гола против Хуеска во триумфот од 4-1. Од ложата тоа го поздрави новиот претседател Хоан Лапорта. Барселона сега има само четири бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид во трката за шампионската титула.
Меси го отвори резултатот во 13.минута со прекрасен удар, а Антоан Гризман зголеми на 2-0. На истекот на првото полувреме гостите намалија од пенал преку Рафаел Мир.
Оскар Мингуеза во 53.минута повторно ја зголеми предноста на Барселона, а Лионел Меси во судиското продолжение стави точка на убедливиот триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













