
Лионел Меси во солзи го напушти „Камп Ноу“ во летото 2021 година откако го помина речиси целиот свој живот во Барселона. Тој не успеа да постигне договор за продолжување на соработката, а потоа Аргентинецот потпиша за ПСЖ како слободен играч во август 2021 година.
„Ел Мундо“ објави доверливи документи и мејлови разменети меѓу Хорхе Меси и претставници на Барселона во кои е забележливо какви неверојатни биле барањата за да остане на „Камп Ноу“.
Од „нормалните“ работи, побарана е приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството Меси, како и за семејството на Луис Суарез, со кого е голем пријател и авион за целото семејство за патување во Аргентина за време на божиќните празници. .
Тој побарал и бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека ќе му бидат исплатени сите пари што не ги добивал навреме од клубот во тешките денови со три отсто камата на сите пари.
Тој побарал и да му дозволат да го напушти клубот кога ќе посака и тоа за симболична сума од 10.000 евра. Требало да биде укината клаузулата од 700 милиони евра за заминување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
