Турскиот гигант Галатасарај започна акција за шокантен трансфер. Раководството на овој клуб го договори ангажманот на Дрис Мертенс и на Лукас Тореира кои денеска треба да потпишат договори, а каталонскиот весник „Спорт“ најавува дека клубот е во преговори и со португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо.

Мертенс доаѓа како слободен агент откако не успеа да се договори со Наполи за продолжување на соработката. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Неапол, а Лукас Тореира ќе биде купен од Арсенал кој не смета одамна на уругвајскиот интернационалец.
Сепак, вистински фудбалски земјотрес во Истанбул предизвика информацијата дека и португалскиот ас Кристијано Роналдо би можел да потпише за Галатасарај. Тој сака по секоја цена да го напушти Манчестер Јунајтед, а Галатасарај сака тоа да го искористи и да го привлече на Босфорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













