Турција е последниот четвртфиналист на ЕВРО 2024, откако ја совлада Австрија со 2-1 на пресметката во Лајпциг. Херој на Турците беше дефанзивецот Мерих Демирал, кој беше двоен стрелец.
Во отсуство на Чалханоглу, кој мораше да одлежи суспензија поради жолти картони, Арда Ѓулер ја презеде дложноста за изведување корнери, а по само 58 секунди Мерих Демирал постигна гол за водство.
Во 58.минута, Демирал постигна уште еден одличен гол со удар со глава, по корнерот на Арда Ѓулер.
Австријците намалија преку Михаел Грегорич во 66.минута, но, сепак, Турција успеа да одолее и да избори пласман во четвртфиналето каде ќе се сретне со Холандија во Берлин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













