Магијата на голманот на фудбалската репрезентација на Мексико, Гиљермо Очоа, не вроди со плод против Лионел Меси и Аргентина.
„Разликата беше во тоа што го имаа Лионел Меси“, изјави Хенри Мартин по пресметката на Светското првенство што заврши со успех за Аргентинците од 2-0.
Меси го постигна првиот гол на натпреварот и асистираше за вториот погодок на „гаучосите“.
„Мислам дека направивме добра работа, но за жал доживеавме пораз“, додаде Хенри Мартин.
„Несомнено многу боли, но веќе почнуваме да размислуваме за нашиот претстоен натпревар бидејќи имаме последна шанса и мораме да ја искористиме“, додаде мексиканскиот интернационалец.
Селекцијата на Мексико останува без победа против Аргентина по четири натпревари на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













