
Шкендија го пречекува Шкупи во дербито на 8.коло од Првата фудбалска лига. Сите се надеваат дека само нема да се повторат немилите сцени, сега и раководството, а и шефот на стручниот штаб на Шкендија се променети. Ќатип Османи од вчера е повторно на клупата на тетовскиот тим, а Шкупи исто така доаѓа со повратникот Гоце Седлоски.
Ќе има голема борба, а дуелите најчесто завршувале со реми. Сега, и на двата тима им се потребни три бода, затоа што Струга ТЛ побегна далеку напред на табелата.
Стружани сакаат „осум од осум“. Напаѓачот Бесарт Ибраими вели дека апетитите на Струга ТЛ се зголемија по одличниот старт и сега сакаат нов триумф против Тиквеш, осми по ред од почетокот на сезоната.
„Тиквеш е многу незгодна екипа и тоа го докажа на последните два натпревари, откако забележа две победи над сериозни противници, вклучувајќи го и шампионот Скопје. Сепак, ние како Струга Трим Лум имаме свои амбиции и цели. Седумте последовни победи го зголемија моралот и желбата за победа во тимот. Веруваме во добра стратегија од тренерот кој има голема заслуга за овие резултати и атмосферата која владее во тимот. Ако и на овој натпревар ги следиме наредбите на тренерот, јас верувам дека победата ќе остане во Струга“, вели Бесарт Ибраими.
Александар Васоски се врати на клупата на Академија Пандев и по поразот во Кавадарци ќе се обиде да стигне до бодови на дуелот против Македонија ЃП.
Работнички има лош старт на сезоната и ќе се обиде да ја подобри ситуацијата на денешната пресметка против Победа. Мечот се игра на комплексот на ФФМ.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО (Денеска 15 ч.)
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
УТРЕ:
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
