
Резултатот од гостувањето на Милан кај Њукасл во Англија може да биде клучен за иднината на тренерот на Милан, Стефано Пиоли, пишува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.
Њукасл и Милан го делат третото и четвртото место на табелата во групата Ф од ЛШ со по 5 бодови, а на првите две места се Борусија Дортмунд со 10 и Пари Сен Жермен со 7 бодови.
Во Италија, Милан загуби со 2-3 на гостувањето кај Аталанта во меч од 15. коло на Серија А во саботата, со што тимот остана на третата позиција со 29 бода.
На Милан му е потребна победа во Англија в среда навечер и се надева на успех на Борусија Дортмунд над Пари Сен Жермен за да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Според „Кориере дело спорт“, раководството на миланскиот гигат веќе почнало да ја губи довербата во Пиоли и во случај на пораз од Њукасл, на стратегот му се заканува отказ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal